Нема ниту еден пратеник во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кој што е спремен да гласа за промена на Уставот, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не се спремни да гласаат за промена на уставот и како што нагласи тој доколку не се променат условите, тогаш не се спремни ниту во следниот парламентарен состав да поддржат уставни измени.

Под овие услови не сме спремни да гласаме за промена на уставот и доколку условите не се променат ни во овој ниту во следен парламентарен состав не сме спремни да го направиме тоа, затоа што многу едноставно е прашањето, а тоа е што Македонија добива, а што губи. Губи многу, добива малце, рече Николоски.

Николоски ги искоментира изјавите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи кои прво кажале дека Македонија треба да ги зема искуствата од хрватскиот устав, но кога ВМРО-ДПМНЕ кажале дека го прифаќаат, веднаш се предомислиле, бидејќи не знаел што содржи преамбулата на хрватскиот устав.

Двајцата кажаа дека треба да се земат искуствата од хрватскиот устав. Искуствата од хрватскиот устав се поврзани со преамбулата, затоа што ние зборуваме за преамбулата. Ја земавме ние преамбулата од хрватскиот устав, ја преведовме на македонски. Доколку сакаат таков модел, ние велиме уште утре ќе го прифатиме . И потоа кога се сетија дека се излетале во јавност, дека не прочитале што кажуваат, им кажал некој кажете хрватски модел има таму 22 малцинства и овие излегоа готово тоа е магично решение и ние кога им рековме важи еве го текстот, велат а не, не Македонија е друг тип на држава, изјави тој.

Потпретседателот Николоски истакна не е позната ад хок работна група за уставни измени, како и дека тие нема да прифатат уставни измени, освен доколку го прифатат хрватскиот модел каде што ќе стои дека Македонија е национална држава на македонскиот народ.

Освен ако се премислат за хрватскиот модел и да напишал дека Македонија е национална држава на македонскиот народ, тогаш стоиме се уште стоиме на хрватскиот модел, дециден е Николоски.