Криминалната коалиција која што ја обзнанивме на 22 октомври 2018 година, Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков во текот на изминатиот викенд ја доби својата кулминација, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Како што знае целокупната јавност, на 22 октомври 2018 година кога го исклучивме Сашо Мијалков од членство во ВМРО-ДПМНЕ, јавно обзнанивме дека постои криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев, Сашо Мијалков која што не само во овие три години туку 15-тина години наназад работи на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата за тоа уништување и разнебитување на Македонија од Зоран Заев стигна овој викенд на начин што се овозможи да се избега од правдата. И во овој момент имаме бегалец од правдата, рече Николоски.

Оливер Спасовски молчи, вели Николоски, Радмила Шекеринска ја нема никаде, а Зоран Заев жали и ја префрла вината.

Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. 24 часа, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите од Владата да го обезбедат бегалецот од правдата.
За тоа што се што зборувавме изминатите години, а и што го зборуваме денес се потврдува, а тоа е дека со Македонија владее криминална коалиција, која што ги руши основните вредности, која што го руши системот на владеење на правото, која што го уништува нормалното живеење во Македонија, која што влијае врз бизнисите и истите ги рекетира или ги презема. Со Македонија владее крими – коалиција.
И за тоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата, рече Николовски.