Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, од Брисел порача дека македонските граѓани не треба да бидат казнети поради политиките на премиерот Зоран Заев, затоа што Македонија има европска иднина, а граѓаните ќе го казнат Заев на предвремени избори.
Николоски престојува во европската престолнина во рамките на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која учествува на Парламентарното собрание на Европската народна партија (EPP) на која, како што известуваат од партијата, биле остварени бројни средби, во прв ред, со челниците на европската конзервативна партија и нејзиниот челник Жозеф Дол.
Информиравме за аферата „Рекет“, за корупциските скандали, за економското уназадување на Македонија, како и за обидите на власта да ги сокрие овие скандали. Разговаравме и за неопходноста од брзи предвремени избори на кои то граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт. Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел – потенцирал Николоски.
Како што додал потпретседателот на ВМРП-ДПМНЕ, за истото ги информирале и претсавниците на Европската комисија со кои што имале средби, а во текот на утрешниот ден и ќе ги информираат и преставниците на Европскиот парламент. Во Европскиот парламент има нов состав, посочува Николоски, и ќе се направат обиди за средба со пратениците од повлијателните земји и политички групации.
Иднината на Република Македонија е во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ може да го постигне тоа, но за тоа треба Владата на Заев да замине час поскоро. И тука се обидуваме да ја добиеме поддршката во Брисел. Се надеваме дека европските народни партии како и останатите ќе застанат позади прогресот на Македонија – истакнал Николоски.
Comments are closed for this post.