На Македoнија ѝ се потребни промени и Влада за национално единство, вели во разговор за Канал 5 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Според Николоски, само здрава патриотска влада може да постигне договор со Бугарија.
Бараме предвремени парламентарни избори кон средината на 2021, вели Николоски.
Тој обвинува дека наместо со консензус, власта „шверцерски“ сака да го донесе Законот за попис.
Според Николоски, изборите се најрелевантна анкета за довербата на граѓаните во партиите.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека работат на окрупнување на опозицијата и соработка со опозициските албански партии.
Comments are closed for this post.