На два часа пред Новата година лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напиша личен статус кој ја соддржи трогателната приказна за малиот Ангел, кој е предвреме родено детенце кое боледува од болест која со сигурност уште не е утврдена, а го загрозува неговото кревко здравје.

Ангел, така му е името, вистински ангел. Ќе помине се ова како лош сон, а ние заедно сонце ќе се радуваме. На крај од оваа 2020 сакам да знаеш дека ти ме мотивираше за уште посилни битки. Вреди Ангел да се бориме заедно и да знаеш дека ќе победиме. Нека ти е среќна Ангел оваа Нова година… напиша на фб Мицкоски.

Ангел е детенце од Лисиче, родено во 27-та недела, заглавен меѓу болничките лавиринти родителите се уште со сигурност не знаат која е болеста со која се справуваат. Лекарите со поделено мислење помеѓу сколиоза или церебрална парализа, но она што со сигурност се знае дека мора брзо да се делува. Упатените во случајот апелираат да се сврти вниманието на здравствените власти и министерот Филипче за да се побара спас во болница во Турција.

Фотографијата што ја објави Мицкоски ја објави е направена уште пред неколку дена кога го посетил нивниот дом. Силно трогателната приказна на родителите кои освен со болеста се борат и со сиромаштија и социјална несигурност ја прави оваа животна приказна уште подраматична.

Она што се знае е дека по добивањето на јавност на целиот случај се јавиле хумани луѓе кои изразиле подготвеност да помогнат.