Македонска дипломатка се самоубила на новогодишната ноќ во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, објавуваат американските медиуми.

38-годишната дипломатка била испратена во постојаната мисија во ООН, а пронајдена е од полицијата со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви без знаци на насилство.

Според изјавите на домарот на зградата, таа на четвртиот кат живеела сама две години.

Тука живееше две години. Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност. Вчера доктори дојдоа горе, со амбулантно возило. Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично. Ја побара неа – изјавил домарот во зградата,  Хернан Авила.

Медиумите наведува дека не добиле одговор од официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела таа.