Во Основниот суд 2 денеска се одржа подготвително рочиште за случајот во кој братот на премиерот, Вице Заев го тужи Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

Предмет за тужбата е тоа што Николовски во телефонско интервју  рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата. Поради тие тврдења Заев чувствувал вознемиреност и имал главоболки.

Николовски рече дека изнесените тврдења ги кажал во својство на потпретседател на партијата. Следното рочиште е закажано на  26 февруари на кое се очекува да биде присутен тужителот Заев кој од Николовски побарува 30.000 денари оштета за клевета.

Ако на Вице Заев му дошло до 30.000 денари со здравје нека ги троши-рече Николовски.