Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Средбата не беше претходно најавена, а осумината пратеници за средбата информираа преку соопштение.

Денес 25.03.2019 година Независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија на барање на Христијан Мицкоски, претседател на    ВМРО – ДПМНЕ оствари средба со него во македонското Собрание.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија – стои во соопштението.