Поранешниот претседател Бранко Црвенковски уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека се враќа во политиката. На Фејсбук се појави страница која го носи неговото име и на која има негови настапи, изјави  и фотографии.Засега не е познато дали е ова негова лична страница или пак има администратор кој му ја уредува.

Покрај тоа, минатата недела беше промовирана и советничка група во Охрид која ќе учествува на локалните избори а кои важат за негови луѓе. Вакви листи се очекуваат и во другите градови како и во Скопје.

Црвенсковски пак останува на ставот да не коментира ништо и дали има намера повторно да се активира на политичката сцена во Македонија.