Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле„ во врска со пописот кажа дека власта го прави да биде политичка а не статистичка операција и го турка на сила .
Дополнително Мицкоски потенцираше дека нема друга држава каде се турка попис без консензус и без систем на контрола.
-Темата попис власта ја направи политичка и тоа е последица поради две причини. Првата, поради тоа што не ја вклучи опозицијата на ниту еден начин да учествува во овој процес, туку напротив, ги одби сите наши предлози и суштински амандмани, триесетина на број. И втората причина е тоа што овој процес го турка на сила во услови кога многу поразвиени земји како Германија, Бугарија, Хрватска, Ирска, Шкотска пред се’ поради ковид-кризата ги одложија своите пописи. Значи отфрлањето на сите предлози, и нивното насилие како власт, нам ни дава легитимно право да се сомневаме во целите на пописот. И јас тука целосно свесен и за нашата одговорност, би бил многу внимателен во квалификациите и предвидувањата, но можам со сигурност отворено да се сомневам во резултатите на тој попис. И ве уверувам, доколку имаме ваков мафијашки попис, бројките и процентите ќе бидат прашање на декор. ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со процентите од пописот доколку тие бидат реални и израз на фактичката состојба, па какви и тие да биле, но имаме проблем со политички мотивираниот попис кој Заев го турка на сила. Нам ни треба фер и објективен попис, а секој треба да знае дека фалсификат попис кој, пред се’, треба да биде статистичка операција, граѓаните ги чини погрешни проекции за иднината и пари објасни Мицкоски.
Мицкоски ги појасни причините поради кои постојат сомнежи дека се подготвува фалсификат попис и тоа поради начинот со диктирање на матичен број каде се поставува прашањето дали може едно лице да диктира повеќе матични броеви без соодветен доказ дека е резидент на државата и другата причина е двојниот потпис.
-Еве дел од тие причини зошто сметаме дека претстои фалсификат попис:
Попишувањето е предвидено да биде завршено со едноставно диктирање на матичниот број. Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти на Република Македонија? Постои сѐ уште институтот политички двоен потпис, што во превод значи едниот кадар на ДУИ, другиот на СДСМ ќе си се усогласат меѓу себе какви резултати да потпишат. Понатаму, велат дека попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со базите на податоци. Со кои бази на податоци? До овој момент, ниту една база на податоци не и’ е позната на македонската јавност, која што ќе биде користена. Власта одбива да се земаат податоци со отисок, а исти такви апарати за земање на отисок согласно постоечкиот закон треба да набават за локалните избори кои се неколку месеци по пописот. Понатаму, ќе се спроведува попис според методологија која што сѐ уште официјално не е излезена во Службен весник, зошто да одлучува Владата, а не, на пример, пратениците и Собранието, каде е присутна и опозицијата? И на крајот, кажете ми во која тоа држава пописот се турка без консезус помеѓу власта и опозицијата? Нема таков кажа Мицкоски.
Comments are closed for this post.