Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод одбележувањето на 36 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржува под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ напорно работи и ќе продолжи да работи се до последниот атом од силата, додека пак сите отстапувања на именуваните функционери прецизно ги нотира, и порача дека согласно истите ќе следуваат промени кои ќе имаат за цел да ги подобрат постоечките капацитети во полза на народот.

„Не прифаќам оправдувања од ниту еден именуван функционер дека е уморен. Ако е уморен, чесно е да си оди. Ние сме тука да работиме и ќе работиме до последниот атом од силата, сè додека не служи. Сите отстапувања, прецизно ги нотирам и ќе има промени. Тие промени треба да ги подобрат капацитетите и да го дадат максимумот од секој поединец. Секој сакам од вас да остане посветен на народот, достапен и чесен“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ниту се трка, ниту се натпреварува со опозицијата, бидејќи како што вели тој, таа одамна не е никаков репер, и можеби е единствен пример во светот коишто имаат уплав од избори, порачувајќи им да внимаваат што изјавуваат во однос на изборите, да не се силат, зошто во себе носат срце на кукавици и затоа што може да им се оствари тоа што го посакуваат.
„Ние не се тркаме и натпреваруваме со опозицијата. Тие одамна не се никаков репер. Ние се тркаме да бидеме подобри за народот, за овие луѓе коишто се со нас и коишто не поддржуваат, но и оние коишто не гласале за нас, коишто не гледаат, но и оние коишто воопшто не излегле на избори, сите тие заслужуваат да се арчиме и да работиме секој ден за нив и за нашата заедничка татковина Македонија. Сега ќе работам на реконструкција на Владата. Но, она што можам во меѓувреме да го забележам е дека овие од опозицијата, можеби се единствен таков пример во светот, уплав имаат од избори. Кога ќе им спомнеш избори, уплав ги фаќа. Држат прес-конференции, лажат, манипулираат, се силат, па ќе ги слушнете како ќе речат дека биле реконструирани, дека нови млади сили им се приближувале, се приклучувале, а кога ќе им спомнеш избори одма држат прес-конференции исплашени, бледи како крпа“, истакна Мицкоски и додаде:
„Сакам да им испратам една порака, да внимаваат што изјавуваат во однос на изборите, да не се силат, затоа што знаеме дека во себе носат срце на кукавици, затоа што може и да им се оствари тоа што го посакуваат. А кога го гледам овој народ овде, пораката е јасна, ние сме подготвени, подготвени сме за секое сценарио, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е подготвен за секое сценарио“.







Comments are closed for this post.