Без договор заврши средбата меѓу работните групи на влста и опозицијата коишто разговараа за предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. Овој предлог-закон е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија.
Една од главните точки на несогласување на двете страни, што не можеше да биде надмината ни по четири часа разговор, е статусот што ќе го има Специјалното јавно обвинителство. За опозицијата е неприфатливо СЈО да остане самостојно, односно да не одговара пред никого и да има буџет, без надворешна контрола. Од друга страна, ставот на власта е дека СЈО треба да го задржи статусот како обвинителство, односно да не биде само одделение во Обвинителството за организиран криминал.
Разногласија во ставовите на двете страни има и околу истрагите на СЈО почнанти по истекот на 18 месеци од предавањето на материјалите, поради тоа што, ставот на претсавниците на власта е дека постои опасност од загуба на доказниот материјал.
Comments are closed for this post.