Нема да има класичен попис на дијаспората како во минатото, туку ќе се попишуваат лицата кои што не го регистрирале своето иселување од државата. Ќе се користи таканаречен комбиниран метод, по пат на електронско пријавување и проверка на податоците од нивни блиски роднини, членови на домаќинствата кои се наоѓаат во земјава.“

Ова го изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски кој додаде дека оние лица кои престојуваат во странство па се враќаат тука, за нив ќе се регистрира времето на престој во странство, како пример ги посочи сезонските работници. За оние кои се трајно таму, вели Симовски, кога доаѓаат тука за одмор и за посета на роднини и пријатели, тоа отсуство од таму од каде што се наоѓаат не се смета за прекин на престојот во странство.

Директорот исклучува можна злоупотреба  во однос на пописот на дијаспората бидејќи од друга страна ќе бидат користени сите правила што ги пропишува меѓународната заедница во однос на пописот, во однос на дефинирањето на категориите на населението, независно од тоа што се ќе биде цел на пописот.