Не сум знаел, и за бизнисите на Дрин слушнав од телевизија“, со вакви одговори Груби си го штити местото кај Али, но народот чека оставки, истрага и одговорност, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Нема друг пример не во Македонија, туку во светот, каде човек без вложен денар, добива 39% во 30 милионски деловен центар. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети без вложен денар доби 12 милиони евра.

И самиот Груби знае дека зад Дрин, стои Али Ахмети, исто како што добро знае за неговите бизниси, зошто и самата влада која без ДУИ не би постоела му дала концесија за мала хидроцентрала.

И додека Албанците чиј чичко не е Али Ахмети се иселуваат, Дрин, само заради претприемачки дух добива милиони на поклон. На Груби и на ДУИ никој веќе не им верува, демаскирани се одамна, а наскоро и ќе одговараат.