Европарламентарците Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан денеска во Скопје им порачаа на граѓаните да кажат „да“ на претстојниот референдум, нагласувајќи оти од тоа зависи европската интеграција на земјата. Тие денеска на прес-конференција во Скопје напоменаа дека спорот е препрека за интеграцијата на земјата, бидејќи одлуките во Унијата се носат консезуално.
Одговарајќи на новинарско прашање што доколку референдумот не успее, европратеникот Едварт Кукан рече дека на таква варијанта не размислуваат, а европратеникот Флекенштајн, дека во иднина ќе го имаме истиот проблем.
Двајцата европарламентарци претстојниот референдум го означија како историски момент, со кој се отвора можноста позитивно да се влијае врз европските и евроатлатнските аспирации на Македонија.
Двајцата европратеници согласни дека освен референдумот за интегрирањето во ЕУ Македонија мора да испорача и видливи резултати, со што на Европската комисија ќе и се овозможи да препорача датум за почеток на преговорите.
Европарламентарците изразија задоволство од подготвеноста за учество во процесот Жан Моне од страна на сите парламентарно претставени политички партии. Посочија дека следната рунда на дијалогот е планирана за декември и јануари.
Comments are closed for this post.