Директорката на ЈП Комуналец Неготино, Марина Бојаџиева, со писмена наредба им истакна на вработените да не доаѓаат на работа во алкохолизирана состојба, и да не пијат алкохол додека се на работа, бидејќи во спротивно ќе заработат отказ, пренесе „Фокус“. Исто така, таа им нареди да го почитуваат и работното време и своите работни задачи.