Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестот пред Владапобара оставка на Заев и како што рече, слобода на народот. Според него има работи кои се свети и за кои не се преговара.

„Време е да ја кренеме главата и да се изборат Македонците за своите правдини. Ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвето негово“, вели Мицкоски.

Лидерот на опозицијата ги наброја имињата на сите херои на чии коски газел премиерот Зоран Заев со додворувањето во Бугарија. Вели дека ова е протест кој е надпартиски и е против лудилото на еден човек. Рече дека како поединци не можеме ништо, но заедно можеме многу.

„Заев не е Македонија. Морате сега да бидете погласни и да се спротивставите“, му порача Мицкоски на членството на СДСМ.

Му се обрати и на неопределениот народ, но и на сите малцинства кои живеат во Македонија. Рече дека сега мора да се реагира, за да не биде предоцна. Мицкоски рече дека сакаат добри односи со соседите, но не со свиткана кичма.

„Заев јавно под итно да се извини, за навредите кон македонските граѓани, предци и херои“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.