ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСM, Мицкоски со тројна пред Ковачевски, ако СДСM се сомнева ајде на избори народот ќе им ја даде најточната анкета.На сите мерења на јавното мислење СДС катастрофално губи од ВМРО-ДПМНЕ, ja коментира опозициската партија последната анкета на ИПИС.

 

 

Истото го покажува и последната анкета направена од ИПИС, на која ВМРО-ДПМНЕ со 20% доверба кај граѓаните е во скоро двојно водство пред СДС со 12.9% доверба.Рејтингот кој го ужива ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните е поголем од заедничкиот рејтинг на СДС и ДУИ. Имено со 20% доверба, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од збирот на рејтинзите на СДС и ДУИ, кој е 12.9% и 6.5%.Со 13.5% доверба кај граѓаните, претседателот Христијан Мицкоски е убедливо лидер со најголема поддршка кај народот, двојно повеќе од Ахмети со 6.6% и скоро тројно пред Ковачевски со 5%.Неправдите, криминалот, поразите и понижувањата кои ги донесоа СДС и ДУИ се причина за слабиот рејтинг на тие две партии.Надежта, работата, посветеноста и конзистентноста која ВМРО-ДПМНЕ ја претставува е причина за големата доверба од страна на граѓаните.Ако СДС и ДУИ малку се сомневаат во анкетите, иако длабоко во себе знаат дека на терен стојат уште полошо, тогаш ајде на избори, тие се најпрецизната анкета. Очигледно е дека народот бара промени.