На состанок кој го одржал Владо Бучковски заедно со амбасадорот на Бугарија во Македонија, директорите на АВМУ и Телеком било договорено од 1-ви март да започне реемитување на бугарската национална телевизија во Македонија на операторот Телеком, објави ТВ 21.

Средбата се одржала денеска, а тоа го соопшти Костадин Филиповски на социјалната мрежа Фејсбук. Претходно на дел од операторите веќе се реемитуваше програмата на БНТ на територија на РСМ.