Кај најголемиот дел од медиумите се забележува поголема застапеност на ставовите „ЗА“ референдумот, додека кај ниту еден нема прилози со ставот „ПРОТИВ“ што е резултат на отсуство на агитација за оваа опција. Информациите за активностите и ставовите за „БОЈКОТ“ се присутни помалку и главно се однесуваа на изјавите на претседателот Ѓорге Иванов, Кризниот штаб „Македонија бојкотира“, Светскиот Македонски Конгрес и Левица, покажува Вториот извештај од мониторингот на медиумското покривање на референдумот 2018 што денеска го објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Резултатите од мониторингот покажаа дека и во вториот извештаен период, медиумите генерално настојуваа да обезбедат информации за различните аспекти на референдумскиот процес. За разлика од дневно-информативните емисии, повеќето радиодифузери настојуваа да обезбедат разновидност на ставовите во посебните информативни емисии, наведуваат од Агенцијата.
Мониторингот се однесува на периодот од 19 до 27 септември 2018 година.
Comments are closed for this post.