Почна седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која се очекува да бидат потврдени одлуките од вчерашната седница на Извршниот комитет

Вчера Извршниот комитет донесе одлука дека услов за партијата да оди на избори е да се формира комисија која ќе ги испита сите неправилности поврзани  со референдумот, нов Јавен обвинител предложен од опозиција и она што е најважно Пржинска влада со траење од сто дена пред избори.

Потпретседателот Александар Николовски нагласува дека целата референдумска постапка била фалсификат и дека резултатот од гласањето не го признаваат.

Тој упати порака до власта да престане со шиканирањето и бркањето од работа на сите кои одлучија да гласаат против или да не гласаат на референдумот, бидејќи сето тоа го документирале и ќе преземат мерки.

На состанокот вчера беше истакнато дека партијата не го признава резултатот од референдумот, а договорот од Преспа го смета за политички мртов и празно слово на хартија.