Албанската опозиција најавува протест во Тирана против доаѓањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев. Протестите се закажани за недела и понеделник во центарот на Тирана.
Најавата за нивно доаѓање за иницијативата „Отворен Балкан“ разбуди дел од албанските политичари да организираат протести против како што го нарекуваат непријателското антиалбанско сценарио
Поранешниот албански премиер Сали Бериша најави дека на 20 декември ќе се одржат „национални протести на Албанците“. Тој вели дека протестите ќе бидат насочени против иницијативата „Отворен Балкан“ и „отворената кражба“, пренесува „Курир.рс“.
– Така ќе заврши непријателското антиалбанско сценарио наречено Отворен Балкан – рече Бериша, напоменувајќи дека тоа се национални протести.
Comments are closed for this post.