Не стивнуваат реакциите во јавноста по прославата на навивачката група на Шкупи, „Шверцери“. На социјалните особено се коментира реакцијата на Заев за тоа како навивачите се нашле во Македонскиот народен театар и оти тоа не било „баш културна манифестација“.

Сепак, најреволтирачко е циничното смеење на премиерот во заминување кога објаснува за демолирањето на „Шверцерите“ во МНТ. Исто така, досега нема информација дали некој од навивачите е повикан на информативен разговор за кршењето на театарот.

Заев најави дека  денеска на владина седница ќе се разгледаат информациите и ќе се донесе заклучок.

Денеска на седница на Влада очекувам информација од Министерството за култура и од потпретседателот на Владата и ресорниот министер за политички систем за да можеме да ја информираме јавноста за тоа како се случил настанот, кој е одговорен, дали има штети – нема штети, изјави премиерот во заминување Заев.

Дека целата претстава на „Шверерите“ била режирана и за прославата власта добро знаела вчера откри и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски тврди дека припадници на ЕБР и на Алфите биле околу театарот а и самата на навивачка група на Фејсбук една недела претходно го најавила настанот.

Каков е тој претседател на влада кој ги слуша тие пораки, молчи и не одговара. Тоа е корумиран до гуша.Единствениот начин да не реагира на таква работа е да се плаши за себе а се плаши за себе затоа што знае дека после промената ќе одговара за криминалот и корупцијата. Додека министерот за образование дава изјави дека нема ништо лошо во тоа а Заев дава изјави во кои што се смее а нема и што друго да прави затоа што тој е виновен, тој е врвот на пирамидата на одговорност во овој скандал-објасни Николоски.