Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес се ракуваше со министерката Радмила Шекеринска која за прв пат учествува на состанок на министрите за одбрана на алијансата.

Веќе нема да ја ословувам вашата земја со долгото и тешко име, туку како Република „Норт Македонија“ (во оригинална транскрипција н.н). Ова е голем момент за сите нас. Го поздравуваме напредокот кој го постигнавте без кој немаше да добиете покана за денешниот состанок“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека вчера гледал како знамето на НАТО е поставено пред владината зграда, и оти „го чекам денот кога вашето знаме ќе биде поставено до другите 29“.