И таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ.

Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.

Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови. Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек, изјави Кирацовски за ТВ 24.

И претседателот на СДСМ Гостивар, Зоран Ангелов од пред некој ден е вработен во државната ЕЛЕМ.

На неопределено време во ХЕЦ „Маврово“ како инженер за машинско одржување, Ангелов е примен со последниот оглас.