На денешен ден во 1943 година после сурово измачување од тогашниот бугарски фашистички окупатор убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур.
Мирче Ацев е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година,[2] како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу).
Comments are closed for this post.