Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија изјави во интервју за белградски „Данас“ Стојан Андов, првиот претседател на македонското собрание и висок функционер во поранешната Сојузна влада на СФРЈ.

Андов, кој во 1978-1980 година како шеф на југословенската делегацијата има учествувавано во преговорите со тогашна Европска заедница (ЕЗ), изјави дека Јосип Броз Тито сакал полноправно членство во ЕЗ, како и да постоеле пораки од ЕЗ за можноста Југославија, заедно со Шпанија и Португалија да стане членка на ЕЗ.

Истото ова Андов пред две години го потврди и во интервју за Пресинг ТВ.

Тој објасни тогаш дека наместо полека да се оди кон повеќепартиски систем во Југославија, тогашното раководство уште повеќе навлегло во едноумието и шансата не била искористена