На 29.05.2019 во 10.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“, А.И.(35) од Охрид запалил сува трева во нива сопственост на неговиот дедо, при што се запалила покривна конструкција на куќата сопственост на М.А. од Охрид. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. А.И. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.

На 29.03.2019 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во село Ботун, охридско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Б.С.(55) од Охрид запалил ѓубре во дворното место, а огнот се проширил и зафатил електричен столб, сопственост на ЕВН. Б.С. бил лишен од слобода и задржан во СВР Охрид за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Пожарот што настан ноќта помеѓу 27 и 28.03.2019 во атарот над село Бајково во близина на напуштената караула „Бајково“, на 29.03.2019 од екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил локализиран. Истиот ден околу 12.00 часот шумскиот пожар повторно се активирал и се ширел до шумскиот пат што води од село Ново Коњарево до село Баделен. Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица преземаат мерки за гасење на пожарот.

На 29.03.2019 околу 12.30 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стење“ настанал пожар кај населбата „Сирхан“.Истиот ден во 13.30 часот пожарот локализиран.

На 29.03.2019 во 12.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на село Љубанци, скопско, на место викано „Башинец“, настанал пожар кој зафатил нискостеблеста шума. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита преземаат мерки за гасење на пожарот .

На 29.03.2019 околу 13.30 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во атар на село Будинарци, беровско, на место викано „Џанкарица“, настанал пожар во кој горела букова и дабова шума. Екипи од Шумско стопанство „Малешево“-Берово и Територијалната противпожарна единица преземаат мерки за гасење на пожарот.

Од екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево бил локализиран и ставен под контрола пожарот во атар на село Саса, општина Македонска Каменица, кој настана на 28.03.2019 и во кој гореше сува трева, бука и бор.