Дирекцијата за заштита и спасување е вклучена во гасењето пожари и со сите расположливи капацитети и човечки и материјално – технички ресурси, вклучително и специјализираното Авио одделение, како досега така и отсега, секојдневно е подготвено да делува секаде каде што има потреба.
Од ДЗС соопштуваат дека во изминатиот период биле вклучена во гасењето пожари, некои од кои од поголем размер, а некои освен врз животната средина, сериозно се закануваа и по животот на населението.
-Досега тие беа локализирани и ставени под контрола на цела територија во нашата земја благодарение на Специјализираното одделение со воздухоплови за воздушна поддршка  кое во секое време е  подготвено за делување. Станува збор за елитната единица на ДЗС, составена од исклучително искусен и стручен воздухопловен кадар, професионалци со многугодишно воздухопловно искуство, која изминатиов месец направи повеќе од 120 лета и исфрли на 300 тони вода, наведуваат од Дирекцијата.
Воедно, се додава, директорот на Дирекцијата, Аднан Џафероски, секојдневно е на терен, и е во постојана комуникација со сите Подрачни одделенија на Дирекцијата, со што будно ја следи ситуацијата и под контрола ја држи целата ситуација во државава.