Синодот на Македонската православна црква не го разледувал новиот француски предлог и нема став по ова прашање. Ова за „Pressing TV“ го потврди владиката Тимотеј. Исто така вели дека не е работа на црквата да излегува на протести.

Не сме разоварале за новиот предлог. Не e наша работа да излегуваме на протести.Ние само укажуваме дали нешто е прифатливо или не-објаснува Тимотеј за „Pressing TV“.

Пред неколку дена Синодот на МПЦ се изјасни против францускиот предлог и апелираше да се зачуваат македонските национални интереси.