Рaботните групи од власта и опозицијата денеска повторно треба да седнат на заедничка маса за Законот за Јавно обвинителство, а се очекува и одлука за предлогот на Катица Јанева предметите од СЈО да ги преземе ЈО.

Неофицијално во вторник на работните групи ќе им се придружат и лидерите на политичките партии. Оваа лидерска средба најверојатно ќе се одржи во Собранието. Засега нема официјална потврда од партиите за лидерска средба.

Вчера министерката за правда Рената Десковска се консултираше со републичкиот обвинител Љубомир Јовевски, со обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, како и со професорите Влдао Камбовски и Гордан Калајџиев за тоа  какво влијание ќе има даденото полномошно од специјалната обвинителка Катица Јанева сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство, врз преговорите за новиот закон за Јавно обвинителство.

Како што дознава Пресинг ТВ на оваа средба копјата се кршеле за член 6 став 5 од Законот за СЈО кој вели:

Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јав- ниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност.“

Во однос на толкувањето на овој член како што дознава Пресинг Тв биле „еден против сите“. Односно најголем дел од присутните на средбата повикувајќи се на овој член кажале дека нема правни пречки за преземање на случаите, додека еден од правниците се противел дека погрешно се толкува членот и оти Јанева нема законско право да ги предаде. Според информациите тој на присутните им предложил целосно „закопување“ на СЈО.