Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со делегација од партијата, денеска (12.05.2023) во Собранието на Република Македонија оствари средба со Советот на американски амбасадори.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска ситуација на Македонија како и македонските евроинтеграции, при што претседателот Мицкоски истакна дека уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има.

Мицкоски потенцираше дека местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки, односно патот на земјава во ЕУ треба да биде базиран на Копенхашките критериуми и без дополнителни услови.

Мицкоски се заблагодари на поддршката која ја добива Македонија од страна САД и посочи дека соработката и во иднина треба да продолжи.