Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Босилово и општина Ново Село одговарајќи на новинарско прашање ја коментираше изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека фирмата за надзорот за градба на Коридорот 8 е чиста и дека опозицијата ова го критикува затоа што одработува за држави од истокот.

Мицкоски во оваа насока истакна дека кога вчера Владата обвинуваше за одработување за држави од истокот најверорајтно мислела на самата себе бидејќи од 2016 година сопственик на шпанската компанија ЕПТИСА е кинеска компанија и во менаџментот на компанијата ЕПТИСА односно генералниот директор на компанијата е Кинез.

Јас обелоденив на изјава дека компанијата кој што е дел од од Конзорциумот ЕПТИСА компанија која што доаѓа од Шпанија од страна на Владата со заклучок во 2020 година, не ме фаќајте точно за збор, мислам октомвти или ноември месец има препорака до општините и до државните институции поради нејзино незаконско, неетичко однесување да биде исклучена од изборот за договори поголеми од милион евра. Исто така, има записник од истата Влада во февруари месец 2021 година сите важечки договори со истата оваа компанија ЕПТИСА да бидат раскинати и еве ќе кажам нешто ексклузивно можеби денеска од овде, а тоа е ако зборуваме за компании кои што имаат источен капитал, тогаш треба да бидеме до крај чесни, бидејќи Владата вчера обвинуваше и тогаш претпоставувам дека мислеше на самата себе, бидејќи од 2016 година сопственик на шпанската компанија ЕПТИСА е кинеска компанија и во менаџментот на компанијата ЕПТИСА односно генералниот директор на компанијата е Кинез, сопственичката структура, сопственик повторно е кинеска компанија. Е сега ако има некоја држава по источно од Кина тогаш треба да прецизираат која е таа. Така што кога ја лажат македонската јавност треба да се свесни дека се лажат и себеси – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека овј е прв случај во светската историја во кој кинеска компанија врши надзор на работи кои ги врши американска компанија.

Ова е можеби за првпат во историјата, во светската историја зборувам, да кинеска компанија врши надзор на работи кои што ги врши американска компанија. Е сега не знам дали се луѓето од американската администрација свесни за ова но претпоставувам дека после денешната изјава ќе бидат свесни – додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така потенцираше дека е многу важно владата да каже како ја пресмета предвидената сума од милијарда и триста, а според некои извори и милијарда и седумстотини милиони евра кога проектот кој што ги опфаќа дел од Коридорот 8 и Коридорот 10Д не постои.

И второ, што е многу важно да се каже дека проектот кој што ги опфаќа дел од Коридорот 8 и Коридорот 10Д не постои, односно допрва ќе се прави. Тука се поставува прашањето од каде предвидената сума од милијарда и триста, милијарда и четирстотини, а во некои извори милијарда и седумстотини милиони евра се изпреговара кога проект не постои? Вие за да го направите овој пат, претпоставувам доаѓа првин проектант, го проектира овој пат врз основа на претходни истраги и потоа прави проект и врз основа на тој проект доаѓаат економски оператори, даваат понуда и врз основа на таа понуда се бира најповолниот и се прави патот и тогаш знаеме колку чини. Јас го поставувам прашањето како кога нема проект знаеме дека толку ќе чинат овие делници кои што се предвидени со овој договор? Зошто е тоа важно? Затоа што тие се народни пари, тоа се пари од граѓаните. Граѓаните треба да ги задолжиме, да ги задолжиме и неродените деца за да некој може да ги краде, а притоа да не знаеме ние зошто плаќаме и од каде тоа го плаќаме – заклучи Мицкоски.