Повлекувањето на предлогот Љубомир Јовески за уставен судија е голема победа на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Постојано укажувавме за штета што може да ја направи овој човек ако биде избран за уставен судија бидејќи неговата работа како републички јавен обвинител беше слабо оценета и довербата во судството беше на ниско ниво, вели корооринаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за поранешниот Јавен обвинител.

Мицевски во интервју за „Република“ вели дека се изгубиле три години и дека тој е пуштен низ вода.

СДСМ така работи со сите истрошени кадри во своите редови.Така беше со Катица Јанева која по употребниот период жената беше пуштена низ вода.Истото беше и со Вилма Русковска во моментот кога влезе во внатре коалициската битка беше пуштена низ вода.Сега гледаме дека по завршување на мандатот како Републички обвинител и после прикрувањето на сите криминали, злоупотреби и скандали и неотварањето на многу предмети, по заминувањето во пензија Јовески не им треба и не е предлог за уставен судија.

Мицевски нема дилема дека техничката влада ќе се избере која треба да има една задача а тоа е смирување на состојбите и подготовка на изборите.

Она што го правеа во Собранието изминативе години го прават и со изборот на техничката влада.Самиот Закон за влада утврдува како се прави изборот на влада.Членот 43 вели дека на сто дена пред одржувањето на избори Собранието избира нова преодна влада за спроведување избори предводена од нов претедател што го предлага најголемата партија од владиното мнозинство. СДСМ поставувајќи се како помал брат на ДУИ нема храброст да го испочитува законот и да предложи свој мандатар туку тоа го остава на ДУИ.И тука е изигран законот со изборот на Џафери.Обврска на мандатарот предлага министри за секое министтерство, односно секое министерство треба да биде пополнето со предлог а право на секој пратеник е дали ќе гласа или не.Јас нема да гласам за оваа влада поради сето тоа што се случуваше во државата а владејачкото мнозинство е должно да обезбеди 61 глас ЗА.

Мицевски предупредува дека владејачкото мнозинство ќе се обиде да протне и да изгласа неколку важни закони кои во никој не треба да се носат набрзина и во пред избори.

За жал на ден пред оставка на Владата и премиерот излегуваат министри кои се закануваат со оставки затоа што не се согласуваат со одредени законски решенија.Овие закони доаѓаат со европско знаменце и се реформски но на крај на мандат не се носат реформски закони.Од она што е дојдено а се сериозни закони е Законот за извршување санкции.Ова е премногу сериозен закон за да го пуштаме на крај на мандатот.Тој го уредува функционирањето и раководењето на сите затвори.Ние сме единствената држава во Европа каде најголемиот затвор „Идризово“ со одлука за вонредна состојба го чува војската.Потоа влегуваме во процес на носење на закон за реформа во Јавната администрација со европско знаменце на крај на мандат:Добивме и предлог закон со европско знаменце за Агенција за мрежна безбедност.Тоа е една сериозна институција која треба да прерасне во најголема институција која треба да се грижи за безбедноста во нашата држава во ситуација кога ни протекуваат информација.Таа Агенција која треба да регулира апсолутно се и да има одлична комуникација со АНБ и ОТА и со се она што значи мрежна безбедност во секоја институција.Вакви закони се носат на почеток на мандат-објаснува Мицевски.