Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски побара одговор од претседателот на Собранието, Талат Џафери  зошто ја прекинал синоќешната седница на која се расправаше за имунитетот на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

„Кворум имаше и Џафери треба да каже зошто ја прекина седницата, јавноста чека одговор“, рече Митревски.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, во моментов нема услови за сите активности во Собранието и затоа не дошле на координација  кај Џафери утрово.