СДСМ ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги блокираат системските закони, а со тоа и преговорите со Европската Унија. Пратеникот Јован Митревски во одговор на обвинувањата на опозицијата рече дека поминало времето кога политиката се мешала во судството, и повика да се остават органите на правдата да си ја вршат својата работа.

Неодговорно и спротивно на интересите на државата е ВМРО-ДПМНЕ да застане против реформите кои што се од искличително значење за напредокот и почетокот на преговорите со Европската унија. Станува збор за системски законски решенија кои што се целосно усогласени и во нив се имплементирани дел од забелешките на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Митревски.

На новинарско прашање, дали ќе се разгледа барањето за обвинител по предлог на опозицијата, Митревски рече дека тоа било и нивно ветување и дека ќе се случи откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се дистанцира од криминалот во минатото.

Во спротивно, рече Митревски, тоа барање го гледаат како обид за влијание и контрола врз обвинителството.