Пратеникот Горан Мисовски во своето образложение за одземање на мандатот на Трајко Вељаноски истакна дека Комисијата не треба да ја презема улогата на суд и оти пратеникот постапил правилно што се појавил.

Според Мисовски, на Вељаноски мора да му се овозможи фер судење.

Мисовски на седницата го покажа и каменот со кој бил гаѓан на 27 април.