Ако сакаме да имаме добар Закон за Јавно обвинителство и ако сакаме да работиме за реформи не ни требаат хибридни закони, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Дали ВМРО-ДПМНЕ има друга алтернатива со оглед на тоа што преговорите се во моментов закочени, Мисајловски вели:

Ние сме сериозна партија не сме како Заев и Владата на Заев постојано да кажуваме алтернативи или некои свои патчиња како да стигне до неправдата, односно да се заштитат самите себеси. Ние бараме принципи да има во овие преговори во она што ќе се донесе како нов Закон. Јас можам да кажам дека работните групи постојано се гледаат и уште се гледаат, иако процедурите поминуваат веќе во Собрание. Има доста амандмани кои се таму доставени и кои треба сите да се разгледуваат, ако сакаме да имаме добар Закон и ако сакаме да работиме за реформи во Република Македонија не ни требаат хибридни закон“, вели Мисајловски.

Негово лично мислење е дека ни требаат цели институции.

Ние законите треба да ги носиме како да ги унапредиме институциите, а не да гледаме како да градиме политички, некои задни намери како што го прави тоа СДСМ кој ни кажуваат дека ако не поминеме на овој или на оној начин, они имале план Б. Значи веднаш може да видиме дека они имаат своја интрига тука. Затоа уште еднаш ги охрабрувам сите чинители во политиката, сите политички партии да работиме на подобри демократски закони, европски принципи, на европски вредности. А, не како што го гледаме ова специјално јавни обвинители да се гонат за рекет.“, вели Мисајловски.

Тој потенцира дека правда мора да има и дека не се потребни само добри преговори туку и да има европски вредности.

И тоа што ќе договориме за законите утре да се почитува, а да не биде само да се донесе закон за да утре повторно да има прогон врз опозицијата, повторно да си имаат свое обвинителство СДСМ каде што ќе може да прават нови притвори, да осомничуваат нови луѓе и истраги само за да ВМРО-ДПМНЕ и гледаме и цела јавност гледа како најголемиот скандал во Република Македонија, а тоа е „Рекет“ како поминува. Да оставиме времето да покаже што ќе се случува во наредниот период доколку се има чиста мисла и стварно сите сакаат да има добар закон, односно да имаме стварно добри закони тогаш навистина треба да ги прифатат забелешките на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мисајловски.