Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во изјава за медиумите кажа дека нема напредок во разговорите за изборниот законик и дека владата игра топло ладно но смета дека тоа е договор помеѓу партиите од владејачката коалиција со цел да се погази овој закон кој вклучува набавка на фингерпринт апарати за отисок на прст за локалните избори.

-Па можам јавно да кажам дека нема, нема поради тоа што мислам дека самата власт односно партиите во власта играат топло ладно или еден ден можеби сакаат нешто да помине друг ден гледаме друга партија од коалицијата не сака да помине и тоа е еден договор меѓу нив изгледа суштината на крај да се погази законот кој закон, оној каде што изборниот законик каде што знаете дека мора да се набават фингерпринт апарати зборувам за отисок на прст апарати што за овие локални избори треба да се набават за секој граѓанин да гласа потенцираше Мисајловски.

Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека онаа партија која ќе побара да се тргне барањето за набавка на фингерпринт апарати за отисок на прст ќе оди директно во нов политички проблем затоа што тоа би било знак дека власта сака да ги намести изборите. Мисјаловски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и дека доколку СДСМ се осуди на таков чекор тоа би би значело кривично дело и кршење на законот. Мисајловски додаде дека треба ВМРО – ДПМНЕ ќе даде шанса на процесот и будно ќе следи што ќе се случува во наредните недели затоа што има доволно време за да се направи тендер и да се набават фингерпринт апарати за локалните избори.

-Тоа е веќе ставено во законот и секој обид на СДСМ на ДУИ и на другите партии во власта што ќе пробаат да го тргнат ова од законот тогаш они идат директно во нов политички проблем ама тоа е повторно да ги наместат изборите. Ние нема да дозволиме но еве и апел до работните групи да седнат да се договорат бидејќи тоа не е некој договор што ВМРО-ДПМНЕ го бара туку тоа е договорено претходно и веќе во законот стои. Затоа едноставно нека го почитуваат законот ако не сакаат да го почитуваат законот тоа е сепак кривично дело но СДСМ се такви како партија заедно со нивната коалиција и можно е еве да побегнат од тие разговори но јас ќе му дадам шанса на процесот да видиме што ќе се случува во наредните недели бидејќи има доволно време за се зборувам да се направи тендер да се купат апарати и се разбира на овие локални избори а се надевам дека можно е и предвремени избори да ги користиме тие апарати заврши Мисајловски.