Денеска повторно ВМРО-ДПМНЕ е на терен, како што ветивме, ние ќе бидеме со народот, ќе бидеме со нив да разговараме за сите актуелни прашања. Денеска сме во Чаир со повеќе граѓани да поразговараме, секако овие средби се а отворено, со дистанца бидејќи сите знаеме во каква ситуација се наоѓа Република Македонија, изјави денеска за медиумите, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по средбата со граѓани во општина Чаир.

– Нема вакцини, граѓаните се премногу загрижени поради секојдневните бројки, масовно власта почнува да спроведува попис, а ние постојано велиме дека не е време за тоа, бидејќи здравјето е пред се. Иако сме спречени да имаме масовни собири, мораме да се гледаме со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и мораме да го слушнеме тоа што го говорат граѓаните, посочи тој.

Мисајловски тврди дека за секој еден политичар, најважно е вака да се биде на терен, да се разговара со луѓето и да се слушне нивното мислење, се разбира ако има и критики или што сакаат да посочат, тие да пренесат.

– Важно е да разговараме за здравството, важно е да разговараме за оние проекти кои се ветени, а ги нема. Доаѓаат локални избори, а Чаир е често заборавено место во Скопје и многу малку се работи и гради. Затоа да ги слушнеме сите проблеми, знаме дека и пензиите се најавуваше дека ќе бидат зголемени, но тоа не се случи, капитални проекти се зборува дека постојано ќе се гради нешто, но ништо не се случува, Клинички центар се најавува 4 години, ни тоа нема, реформи се најавуваат во правосудството, но ги нема, вакцини нема, здравството е во колапс. Нема сфера каде оваа власт не потклекна на сите очекувања дека ќе блескаат и ќе има реформи, додаде тој.