Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски закажа нова седница на Комисијата за надворешна политика, а во врска со македонско-бугарските односи и новонастанатата ситуација.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата Фејсбук објава на Милошоски:

Почитувана јавност, со вчерашен допис до пратениците и ресорните министри закажана е Комисијата за надворешна политика за во четврток во 11ч.

Темата е Македонија-Бугарија, која предизвикува огромен политички и медиумски интерес, и граѓаните со право очекуваат плодна дискусија и јасен став по ова битно прашање.

Затоа сметам дека пратениците во Собранието, заедно со владата, мора да утврдат заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија, кој претставува историски анахронизам, спротивен на европските повелби за човекови права.

Достоинството и самобитноста на македонскиот народ е европска културна, книжевна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без дополнителни уцени!

За службите во Собранието и пратениците сигурен сум дека на седницата ќе ги спроведат и почитуваат сите здравствени протоколи, за да можат поканетите министри да се чувствуваат сигурно.

Почитувана јавност,
со вчерашен допис до пратениците и ресорните министри закажана е Комисијата за надворешна политика…

Posted by Antonio Miloshoski on Monday, November 9, 2020