Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, преку обраќање на својот профил на Фејсбук, апелираше на бојкот на референдумот, кој ќе се одржи во недела.

„Секој има право да бојкотира. Граѓаните на Македонија треба да се изборат за својот напредок. Јас сум сигурен сум дека овој неуспешен референдум ќе биде поука за власта и повеќе внимание кон желбите за наредните влади“, истакна Милошоски.

Претходно и во интервју за „Pressing Tv“ тој изјави дека референдумот мора да се бојкотира бидејќи не се исплати да играш на наместен натпревар“