Заев нема мандат да ја прекројува историјата, коментира на Фејсбук професорот Владимир Милчин.

Наведува дека Делчев се борел за Македонија, а роден е во Кукуш (Егејска Македонија).

Патем, Кукуш е град со унијатска традиција. Кај се „изгуби” писмото од кукушани до папата, во кое бараат помош и заштита од православните „браќа“? И уште еднаш: Заев нема мандат да ја прекројува историјата. Делчев се борел и загинал за Македонија! Неговата борба е македонска! А неговиот живот е борбата! За смртта уште не е јасно чија е!  Борисов би требало, следејќи го примерот на Вили Брант, да дојде овде и да се поклони пред жртвите на бугарската окупаторска власт. Во Музејот на холокаустот за 7.133 македонски Евреи испратени во Треблинка и барем на Могилата на непобедените во Прилеп. Македонија нема за што да се извинува на Бугарија, но Бугарија има! А Заев нема мандат ниту за капитулација, ниту за амнезија!“, пишува Милчин.

Го споделувам ова не заради мифкава на фотката, туку заради текстот. Делчев се борел за Македонија, а роден е во Кукуш…

Posted by Владимир Милчин on Monday, October 19, 2020