Поминаа точно четири дена откако Љупчо Николовски најави дека ќе побара оставка од Лидија Димова. Еве и после четири дена, ниту Николовски побара оставка, ниту пак Лидија Димова даде оставка, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што и рековме, класичен театар за замајување на јавноста од генералниот проблем, а тоа е криминалот и корупцијата кои што дивеат во оваа влада. Јавното обвинителство се уште нема отворено случај за сомнежите за криминал во Националната агенција. Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да отворат случај за сомнежот за проневера на над 20.000 евра пари кои што фалат од благајната од Националната агенција за кое што има и јавно сведоштво од страна на благајникот кој што работел во Националната агенција? Притоа парите биле земани со факсимил на Лидија Димова. Кога Лидија Димова планира да ги објави бодувањата и рангирањата на проектите за кои што се доделени сериозни пари?, прашува Арсовски.

Тој прашува и кога Лидија Димова планира да ги објави крајните контрактори каде завршиле парите од проектите кои ги доби братот на Диме Велковски и познатата фризерница од Аеродром? Притоа станува збор за некаде околу половина милион евра.

Имаше сомнеж дека се перат пари преку проектите кои ги дели Лидија Димова на своите кафеански пријатели. Кога планираат институциите да го истражат тоа? Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка. Начинот на работа на Владата на СДСМ е единствено криминален и никако поинаку. Сите работат по примерот на Зоран Заев. Криминал, криминал и само криминал и многу корупција. За ова мора да има одговорност и оставки уште веднаш, рече Арсовски.