Без да се сослуша обвинетиот, недозволиво е да се одреди притвор, изјави Антонио Апостолски, адвокат на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој синоќа беше притворен и испратен во истражниот затвор во Шутка.

Апостолски потврди дека денеска го добил решението на судот за определувањето на мерката притвор.

ЗКП точно наведува дека секое лице треба да е сослушано пред да му се одреди оритвор, рече адвокатот Апостолски.

Мијалков е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО. Мерката притвор е по наредба на Специјалното јавно обвинителство и е во траење од 30 дена.