Екс директорот на УБК попладнево од предистражниот затвор во „Шутка“ е однесен на распит во кривичниот суд за случајот „Империја“, потврдуваат за Пресинг Тв неговите адвокати.
СЈО бара 30 дневен притвор и за овој случај.
Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.
Мијалков пак од 20 ноември е во притвор за случајот „Таргет-Тврдина“ , поради сомневање за опасност од бегство, откако истиот ден на поранешниот премиер Никола Груевски му беше доделен азил од Унгарија.
Comments are closed for this post.