Преку Фејсбук страницата „Странски служби“ објавен е настан насловен „Мијалков да го вратите“ со почеток од 18 часот пред Владата на Македонија.
Во описот на настанот само кусо се посочува дека се работи за протест пред Владата, за која што велат, „што дозволи Сашо Мијалков да и побегне на правдата“.
Инаку вчера пред Владата исто така протестираа десетина граѓани, откако пред два дена полицијата не успеа да го најде поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков во неговиот дом, по судската одлука да му биде одреден куќен притвор пред пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, која треба да се соопшти во петок.
Comments are closed for this post.