Актерот Тони Михајловски во денешното сведочење за настаните од 27 април рече дека зел активно учество во движењето ГДОМ но оти немале никаква поврзаност со ВМРО-ДПММЕ ниту пак дека имале некаква инсттукција од Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Михајловски исто така рече дека ГДОМ немало никаква допирна точка со движењето За заедничка Македонија.

Тие протести беа ненасилни на кои луѓето го искажуваа револтот дека ќе се смени името и идентитетот што денеска и се испорачува. И јас педесетина пати присуствував на тие протести – објасни Михајловски.