Постојаниот успех кој Македонија го постигнува со договорот од Преспа како и развојот на настаните во соседната земја биле главните точки на затворениот состанок на грчката опозициска Нова демократија, објавува Иефемерида повикувајќи се на свој извор.
Весникот додава дека партискиот лидер Киријакос Мицотакис истакнал дека референдумот во Македонија како и уставните промени кои потоа ќе се случат ќе биде тешко да се запрат. Затоа, повикувајќи се на истиот извор, весникот наведува дека Мицотакис подвлекол дека Нова демократија повикува на избори пред да се случат уставните измени на македонскиот устав, затоа што потоа ќе биде тешко да се спречат измените повторно.
Во исто време тој повторил дека НД нема да гласа за договорот и оти за тоа ќе треба да реши грчкиот народ на избори за такво чувствително прашање за кое грчката влада на Скопје му гарантира македонски идентитет и јазик.
Претходно, поранешниот министер за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос излезе со предвидување дека на референдумот ќе преовладаат гласовите „за“. Тој притоа додал дека според договорот, доколку се ратификува, тој ќе овозможи не само признавање на македонски етнос и јазик, туку ќе можат да се регистрираат компании и културни групи како македонски.
Comments are closed for this post.