Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва се обрати во Охрид на првиот митинг на коалицијата „За обнова на Македонија“ каде што пред присутните истакна дека 15 јули е денот кога граѓаните  масовно рамо до рамо ќе застанат и ќе ја поразат тригодишната пандемија која што ни се случуваше во Македонија од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, а потоа ќе си ја обноват заедно Македонија.

– Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и против една нова енергија која што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија“. Јас сум убеден во мудроста и поддршка на народот. Стојам нескромен и реален и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова, истакна Мицкоски